
Шкендија Арачиново е меѓу најактивните прволигаши на трансфер пазарот, дебитантот во Прва лига го промовираше 26-годишниот Верли Капанема Фереира, Бразилец кој доаѓа од нисколигашот Мадуреира.
Низ досегашната кариера има настапувано само за бразилски екипи, а меѓународна кариера градеше во Белизе, носејќи го дресот на Белмопан.
Силекс претстави ново засилување за следната сезона, се работи за 20-годишниот Никола Манојлов, кој доаѓа од редовите на Работнички, а низ неговата кариера настапуваше за младинските категории на тимот од Дебар Маало кој испадна во Втора лига. Инаку, Манојлов е младински репрезентативец на Македонија.
Голманот Игор Алексовски и во следната сезона ќе настапува во Албанија, откако се договори кариерата да ја продолжи во Елбасан, со што направи трансфер од редивте на Фламуртари. Низ кариерата повремениот репрезентативен голман беше дел од Македонија ЃП, Вардар, Шкупи, Ренова и Работнички на македонската сцена, по што 31-годишникот се пресели во албанскиот фудбал.
Александар Ванев, М-Нет