
Познатиот белгиски готвач со македонско потекло, Шеф Марк, го посети Штип и без никаков сомнеж ги споделува своите тајни и знаења на младите готвачи. Вели дека македонската храна е меѓу највкусните во светот и рамо до рамо со турската. Во Македонија е веќе 12 години и тука ја пронашол својата вистинска страст кон работата. За разлика од многумина, тој не крие рецепти и техники, туку ги пренесува на младите. „Храната и љубовта се мојот живот“, порача шефот кој бара многу ред, дисциплина и врвна хигиена во кујната.
,,Храната е мојот живот, јас од кога имам 15 години готвам, ако нема добра храна неможам да бидам таму, би рекол и храната и љубовта. Јас сум човек кој што споделува, не ги кријам моите тајни, не сум човек што прави и крие. За жал многу готвачи се такви да кријат и да не ги покажуваат тајните. Мислам дека еден професионалец и готвач да биде шеф на кујна е да го споделува неговот знаење. Неговото знаење е богатство. Јас сум човек мнгоу тежок, не само на тежина , но тежок и на хигиена, на начинот на држење нож, има многу детали кои мене ме нервират и што мора да се научат. “, вели Марк
Марк тврди дека во македонија готвењето се повеќе станува на високо ниво, вели има добри готвачи, многу млади што сакаат тоа да го прават и останува сигурен, дека за неколку години македонската храна ќе биде на највисоко ниво.
,,Македонската храна е преубава , да кажеме оти типична македонска храна јас имам и научено, но и така тоа го гледам и сум човек кој што многу патува, па би рекол македонската храна е турска. Главните намирници и рецепти се труски. Единствено нешто се намирниците, посебно месо, зеленчук што е многу по вкусно од турксата.
Марк од Штип порача, младите да го следат својот сон, да ја извршуваат секоја работа со љубов, да бидат секогаш различни од другите и само така ќе бидат успешни во својата професија.
Иван Митев, М-Нет