
Шест месеци по најголемата трагедија во Кочани, половина година по трагичниот настан во кој во пожар во дисоктека во Кочани живото го изгубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.
И по шест месеци останува вечната болка и тага, остануваа солзите во очите на родителите и надежта дека ќе има правда, дека ќе се пронајдат одговорните лица и нема да се дозволи да се повтори 16 март 2025 година.
По шест месци од трагедијата нема закажано судско рочиште во Кривичниот Суд, поднесени се околу 40 приговори, а последно на 5 септември се покрена обвинение против сопдтвеникот на Агенцијата за обезбедување.
Обвинителството обвинението го поднесе на 13 јуни. Во него се обвинети 34 лица и три фирми. Меѓу обвинетите се тројца градоначалници на Кочани, поранешниот министер за економија, поранешен државен секретар, еден раководител, службено лице и помлад соработник во Министерството.
Меѓу обвинетите се поранешен директор на Пазарен инспекторат и инспектори, сопственичката на фирмата која дала елаборат за употреба на објектот како дискотека, синот на сопственикот на дискотеката.
По половина година остануваа собирите, остануваат вообичанеите маршеви низ кочанските улици, трогателни пораки на социјалните мрежи, и болка која не се опишува со зборови.
За шест месеци целосно се промени животот во Кочани, радоста се претвори во вечна тишина.
„Шест месеци поминаа. Шест месеци откако 62 ангели полетаа предвреме. Шест месеци откако радоста во Кочани се претвори во вечна тишина. 62 млади животи не се безимени. 62 жртви – тоа не се само бројки. Тоа се нечии деца, нечии браќа и сестри, пријатели, соништа и иднини што никогаш нема да се остварат. Секој од нив имал име и презиме. Секој од нив остави празнина што никогаш нема да се пополни. Не се забораваат. Тие се нашата вечна болка и нашата вечна светлина. Секој од нив беше нечија надеж, нечија иднина, нечија љубов. Денес тие не се со нас – но се во секој здив, во секоја солза, во секое срце што чука за нив.“ – стои во соопштението на здружението.
На 16 март 2025 година во дискотеката Пулс во Кочани, на концерт на ДНК, настана пожар од пиротехника, во кој присутните над 600 лица не можеа да се спасат излегувајќи низ единствената врата на објектот. Борејќи се за воздух, држејќи се за раце и обидувајќи се да спасат повеќе човеќки живот, 62 млади лица загинаа, а 200 беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет