Шампионот КМФ Проект се подготвува за квалификациите за Лигата на шампиони, се комплетира ростерот

ФОТО: ФФМ

Шампионот во Првата футсал лига на Македонија, екипата на Проект се подготвува за квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Јосифово речиси во целост го задржува ростерот од минатата сезона кога Проект без ниту едно реми и без ниту еден пораз ја освои двојната круна.

Во тимот и следната сезона остануваат Горан Стојанов, Димитар Јанев, голманот Антонио Петровски, најдобриот стрелец Марио Благојевски и искусниот Мартин Тодоровски кој ќе ја има улогата и на помошник тренер како и минатата сезона.

Во следниот период ќе бидат потврдени и останатите играчи со кои ќе биде продолжена соработката, а притоа ќе има едно до две засилувања, а не е исклучена можноста и за прво странско засилување.

Во новата сезона Проект ќе цели на одбрана на двојната круна. Во својата историја Проект двапати ја освои шампионската титула, а еднаш и Куп титулата, односно минатата сезона за првпат ја обедини двојната круна.

Александар Ванев, М-Нет