Селекторот Гоце Седлоски: Планирам од македонското првенство пет до шест играчи да бидат во тимот

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски на прес конференција истакна дека планира од македонското првенство пет до шест играчи да бидат во тимот.

Тој потенцираше дека не треба да го потценуваме македонското првенство, а секој кој е во форма ќе биде повикан во репрезентацијата.

„Секако дека има квалитет штом сум ги повикал тие играчи играат стандардно во своите клубови, први стрелци, Бобан Николов и Дарко Велковски пред година дена играа во странство, се вратија во Македонија играа стандардно во Вардар и сите дека заслужија со настапите кои ги имале во Вардар. Другите играчи кои беа повикани што се однесува до септември и октомври секако дека ќе има како што кажав и на првиот мојот прес планирам од македонското првенство пет до шест играчи да бидат во тимот. Дали ќе бидат стартери или ќе влегуваат од клупа тоа не може да го гарантирам на никој не му е загарантирано местото дека ќе биде стартер ниту за играчи кои доаѓаат од странство, ниту за играчите од Македонија. Во иднина секако тие играчи кои ќе бидат повикани ќе има и од македонското првенство, кое не треба да го потценуваме бидејќи сум работел во македонското првенство, секако дека заслуга е на нив кои го дале придонесот за екипите кои играле кои освоиле првенство и купови. Дај Боже да излезе и од другите екипи, како што кажав ќе следам и секој кој е во форма ќе биде повикан во репрезентацијата“, рече селекторот Гоце Седлоски.

Македонија во групата од Лигата на нации девизија Б е со Швајцарија, Шкотска и Словенија.

Александар Ванев, М-Нет