Осогово мотивиран по одличната ланска сезона, „жетварите“ од Кочани сезоната ја отвараат против Беласица

Екипата на Осогово која минатата сезона заврши на високото шесто место во Втората лига и беше во игра до последно за петтата позиција, мотивирано влегува во новата сезона да направи нов успех.

Целта која тимот од Кочани за минатата сезона ја постави беше исполнета, опстанокот беше обезбедено многу порано, а со одличните натпревари и не беше доведен до прашање, бидејќи „жетварите“ на Крсте Крстев се бореа до последно и за петтото место на табелата.

Новата сезона во Втората лига Осогово ја отвара против Беласица во Струмица, во рамки на второто коло Осогово одново ќе гостува овој пак кај новиот второлигаш Камјани. Сезоната ќе биде отворена на 15 август, а верните „сејмени“ и целата спортска јавност првиот домашен меч на Осогово ќе го проследи дури во третото коло кога Осогово на домашен терен ќе игра против Новаци.

Во рамки на четвртата рунда закажана за 5 септември Осогово ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица, а пак во петтото коло во Кочани ќе се игра мечот меѓу Осогово и Кожуф. Во рамки на шестото коло Осогово ќе му гостува на Тетекс, а потоа дома ќе игра со екс прволигаш Еуромилк ГЛ.

Потоа распоредот го носи Осогово пред сериозни предизвици ќе игра против ланските прволигаш. Во рамки на 8. коло Осогово ќе гостува во Битола кај Пелистер, следува домашен меч со АП Брера Струмица, во десеттата рунда меч против Македонија ЃП во гости, па дома против Работнички, во рамки на претпоследната есенска рунда Осогово ќе му гостува на Шкупи, а во последното есенско коло односно 13-тата рунда закажана за 28 ноември екипата на Осогово ќе игра дома против Охрид.

Александар Ванев, М-Нет