
Новата сезона во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција ќе се отвори во понеделник со три натпревари, а ќе се затвори во среда со еден натпревар.
Екипата на Патриот од Делчево ќе има тешко гостување кај фаворитот Крива Паланка, во меч кој се игра во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка со почеток од 19 часот.
30 минути подоцна во Кавадарци ќе се соочат Пробаскет со тимот на Бадел во неизвесен меч за триумф, додека пак во 20:30 часот силите ќе ги одмерат Вардар и Спорт Тим.
Колото се затвара во среда со гостувањето на шампионот Баскет Кам од Македонска каменица кај тимот на МЗТ, меч кој се игра во „Кале“ си почеток од 18:30 часот.
Екипата на Баскет Кам ќе ја брани титулата, а конкуренцијата ќе биде голема во обид тимот од Македонска Каменица да биде симнат од тронот.
Александар Ванев, М-Нет