Чии се пропустите за тепачката пред „Градски“ во Штип минатата година и кои се ќе сносат последици?

Половина година по настанот односно тепачката која се случи на натпреварот помеѓу ФК Брегалница и ФК Тиквеш, меѓу навивачките групи „Фаланга“ и „Лозари“ добива кулминација. Тогаш надвор од „градски“ во Штип дојде до директен судир меѓу двете навивачки групи, во кој настрада и еден полициски службеник. По преземаните мерки и активности дел од учесниците во тепачката добија покани за суд. Еден од нив е и Срѓан Игнатовиќ, кој своето незадоволство од одлуката го пренесе пред камерите на М-Нет.

„Беше така наречена просалва на навивачката група „Фаланга“, јас сум поранешен член, но 20 години се немам појавено на стадионот во Штип. Ние најнормално си тргнавме од школото „Тошо Арсов“ за да дадеме поддршка на фудбалерите на ФК Брегалница. И одеднаш ни се пуштија 150 луѓе кои организирано се дошле, тоа е сериозен пропуст на МВР, во време на пандемија да дозволат каде што не е ниту дозволено публика 150 луѓе да се пуштат кон нас. “ – кажа Игнатовиќ.

Игнатовиќ кажа дека не реагирале до МВР затоа што конктретно тој немал можност, бидејќи поканата за Суд пристигнала пред месец дена.

Информации за овој настан побаравме и од СВР Штип. Оттаму информираат дека тие работат по пријави од граѓани, прават квалификација на истите и потоа преземаат соодветни мерки и активности. Нивната работа во конктретниов случај е завршена, а во меѓувреме доколку има незадоволство или поплаки секој може да им се обрати на нив.

Лаура Стојанова М-Нет