
Детското игралиште во Блок 70 во Штип или кај народот познато како игралиште во населба Леваци е доста посетено од страна на граѓаните. Велат често ги носат децата овде да си играат, а тие го поминуваат своето слободно време. Но, после игра треба да има и чешма каде би можеле да се измијат или напијат вода. И да чешма има, но моментална состојба во која се наоѓа истата не е за потребите на граѓаните. Прво штипјани реагираа до нашата редакција дека чешмата е скршена и децата не можат да ја користат истата. Екипата на М-Нет телевизија беше на терен. Чешмата скршена, околу неа вода која се талижела и отпадоци. Потребно е да се направи велат граѓаните кои ги сретнавме во игралиштето.
„Епа треба да се направе чешмичката, за да тече водата, дечињата овде си играат, да може да се измијат“
Зошто чешмата е во ваква состојба и дали и кога истата ќе се поправи одговор побаравме одговор и од првиот човек на ЈП Исар, Трајче Здравков. Тој истакна дека на терен ќе се излезе во текот на денешниот ден.
„Зимскиот период ЈП Исар ги стопира сите јавни чешми, бидејќи да се заштитиме од замрзнување и пукање на линиите каде што се чешмите. Конкретно чешмата во населба Леваци, денес ќе извршиме таму увид, таа чешма ќе ја ставиме во функција, бидејќи фрекфенцијата е голема таму на жители“ – кажа Здравков.
Дополнително на ова Здравков истакна дека оваа и наредната недела ќе се пуштат во функција и чешмите во централното градско подрачје кои заради минусните температури до сега не беа функционални.
„Нправен е план, направени се записници кои чешми ќе се пуштат така да веќе нема минусни температури и во текот на оваа и наредната недела сите чешми ќе бидат пуштени во употреба.
Напори се прават за поправка и на фонтаните во центрот на градот, исткана Здравков, со што штипјани ова лето ќе има каде да се освежат.
Лаура Стојанова М-Нет