Четири екипи во трка за првото место, кој ќе биде шампион во Втора лига, кои две екипи ќе играат бараж за ПМФЛ?

Трката за врвот во Втората македонска фудбалска лига станува неизвесна и максимално комплицирана, што понуди повеќе возбуда и атракција кај љубителите на фудбалот, бидејќи може да се покаже и последното коло пресудно и да одлучи кој ќе биде шампион и ќе игра во Прва лига следната сезона, а кои две екипи ќе мораат преку бараж да бараат место во елитата.

Четири екипи, директно влегува една, две мораат во баражот, една ќе извиси. Која екипа ќе има најмногу среќа, кои екипи ќе одат по потешкиот пат, а која екипа ќе извиси. Седум кола до крајот и 21 бод во игра, од сабота 24 коло носи одговори на многу прашања, што ќе има до крајот на оваа сезона?

До крајот ќе има уште дерби натпревари меѓу директни конкуренти, како мечот меѓу Скопје и Охрид во Автокоманда, во Штип ќе биде мечот меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, но фаворитите ќе имаат и тешки гостувања, како што е Радовиш и Кочани.

Големо Коњари и официјално испадна во Трета лига, овој викенд во Трета лига и математички испаѓаат Победа и Слога Виница, слично е и со Преспа, додека пак Вардар Неготино и натаму математички се надева дека може до бараж, но ќе оди кон испаѓање во Трета лига, а извесно е дека Саса, Тетекс и Кожуф ќе играат бараж за опстанок.

Вечерва во спортскиот магазин трибина на М Нет телевизија ќе анализирам што ќе донесе Втората лига, какви ќе бидат математиките за за првото место.

Александар Ванев, М-Нет