
„Вечното дерби“ под рефлектори кое се одигра во Битола заврши без победник и без погодоци (0:0), Пелистер и Вардар ги поделија бодовите.
За битолачни овој бод од 26. коло на Првата лига е голем во трката за опстанок, а пак Вардар останува на врвот, но одново ја намали бодовната разлика во однос на Шкендија, бидејќи сега „вардарци“ на врвот имаат 62 бодови, а тетовскиот тим кој е актуелен шампион има 61 бод и второ место.
Токму Шкендија со убедливи 0:3 го доби Работнички во Скопје и стигна до својата 19-та сезонска победа, а „романтичарите“ впишаа 15-ти сезонски пораз.
Трката за титулата ја водат Вардар и Шкендија.
Александар Ванев, М-Нет