ЦУК: Пронајдена рачна бомба при косење трева во Пробиштип

Пронајдена стара рачна бомба при косење на трева во Пробиштип, изгаснати 11 пожари на отворено и иницирање за соодветно обележување на опасното место со кал во која се пропаѓа, како во „жив песок“ во Кумановско, истакнаа од ЦУК.

РЦУК Штип известува, дека во период од 13.00 часот во кругот на фабриката за акумулатори во Пробиштип, при косење трева е пронајдена стара рачна бомба. Отаму велат дека за итниот потенцијално опасен случај се известени во Полициска станица Пробиштип и во ДЗС Пробиштип, по што од страна на овластено лице на ДЗС, бомбата е успешно и безбедно отстранета во 15.30 часот. Инаку, ЦУК упатува превентивната препорака до граѓаните што ќе најдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ги пријават на 112 во ЦУК, а потоа од надлежните тие ќе бидат неутрализирани на лице место или ќе бидат безбедно отстранети соодветно според процена на професионалците.

ЦУК информира дека имаше 11 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината. ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е се посува вегетацијата во природата.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 230 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Лаура Стојанова, М-Нет