Селекторот Данов вели дека е големо задоволството да се учествува на Олимпијада, со Егоров се надева на медал од ЛОИ 2024

Летните олимписки игри во Париз, Франција ќе започнат на 26. јули, а ќе завршат на 11. август. На истите Владимир Егоров ќе биде претставник на Македонија во борење.

Селекторот на македонската боречка репрезентација, Бобан Данов во изјава за телевизија М Нет вели дека огромна е честа и задоволството да се учествува на Олимписките игри, додава дека подготовките со Егоров траат цел процес од четири години.

Патот до обезбедување на билетот за настап на Летните олимписки игри во Париз бил тежок.

Селекторот Данов за М Нет вели дека може Егоров да изненади и да се врати во Македонија со медал.

Како што вели селекторот на секој спортист и тренер е големо задоволство да се учествува на Олимпијада.

Селекторот вели дека се прават веќе анализи и со добар ждреп може да се вклучат во борбата за медали.

Македонија кога е во прашање борењето како спорт на Летните олимписки игри ќе настапи од 5. до 11. август.

Владимир Егоров ќе биде претставник на Македонија на Летните олимписки игри во Париз, Франција, а тој ќе настапи во категоријата до 57 килограми.

Александар Ванев, М-Нет