
Цената на краставицата и доматот на градскиот пазар во Кочани бележи блад пад. Зеленчукот сѐ уште во фокусот на продажба, односно најмногу побаруван. Расте и побарувачката на пиперката, чија цена според продавачите се очекува до наредниот пазар да се намали. Производство има доволно додаваат проидавачите.
„Денеска доматот е со пониска цена, значи 100 денари, претходниот четврток беа 140 -150 денари, исто така падна цената на краставицата. Пиперката се продава на парче, а до другата недела мислам дека цената ќе падне“
Според анкетираните купувачи и покрај тоа што дел од цените се пониски, сепак пазарот е прилично скап.
“Скапо е, зелката е ефтина, 70- 80 денари е краставицата“
„Ккао претходниот пазар, не е кој знае што променето“
Пријатното време дозволувае граѓаните во Кочани денеска да го посетат последниот пазар пред 1ви мај. Но, како што истакнаа тие се купуваа основните производи за исхрана, а не се правеше некоја поголема подготовка за празникот.
Лаура Стојанова М-Нет