
Неспособноста на новата локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ најдобро се покажува преку неможноста на јавните претпријатија да одговорат на основните задачи, истакнаа денес на прес од ОО на СДСМ Штип. Според нив, граѓаните секој втор ден се без вода, градската депонија мистериозно се пали, градот се гуши во смет, а градските гробишта се како африканска џунгла.
„Постојано прекопување без да се изврши замена на дотраените водоводни цевки. Граѓаните на нас. Македонка веќе два ипол месеци газат кал поради прекопите за поставување на водоводна мрежа, а ниту на повидок не е завршувањето на овој проект. Градската депонија веќе неколкупати” мистериозно” се пали и го загадува градот. Централното градско подрачје секојдневно се гуши во смет поради непочитувањето на распоредот и програмата за собирање. Состојбата на градските гробишта е катастрофална како и целокупната слика на овој дел од градот. Подолг временски период градските гробишта изгледаат како афричка џунгла со ѓубре, висока трева, грмушки и зелена оаза. Граѓаните со право реагираат, имајќи го во предвид фактот дека тие редовно си ги плаќаат сметките кон ЈП Исар“, истакнаа од партијата.
Од партијата повикаа на одговорност од в.д. директорот Трајче Здравков и ЈП да ги извршува своите редовни активности, а градот да не трпи заради неговата неспособност и незнаење. На ова Здравков рече дека одговорност во следниот период ќе следува за партијата којашто го остави претпријатието во безредие.
Изјава од 00:13 (жално) до 00:41 (претпријатие) лепено од 01:10 (ја разбирам) до 01:29 (секаде), Трајче Здравков, в.д. директор на ЈП „Исар“
„Жално и срамно е партијата којашто остави ршум во јавното претпријатие да критикува за работењето. Имено, луѓето коишто оставија долг од 5.000.000 евра во јавното претпријатие, луѓето коишто склучуваа штетни договори, набавуваа цвеќиња и камења за 3.000.000 денари, коишто не плаќаа електрична енергија и оставија долг од 30.000.000 денари да критикуваат за работењето на јавното претпријатие. Ја разбирам нивната разочараност и нервоза, бидејќи се случува нешто во градот, се градат нови паркови, се градат нови водоводни мрежи, работиме насекаде, но и граѓаните ќе ги замолам за трпение, бидејќи екипите на ЈП „Исар“ во три смени се на работа и се трудиме да постигнеме секаде“, одговори Здравков.
Според Здравков, јавното претпријатие, за разлика од порано, сега работи домаќински и одговорно, а по основ на долгови само во изминатите пет месеца има исплатено 15.000.000 денари.
Ребека Спасова М-Нет