ЦЕЛОСЕН РАСПОРЕД ВТОРА ЛИГА: Брегалница и Македонија ЃП во 11. коло, дерби во Радовиш во 8. коло

Со извлекувањето на ждрепката денес во „Куќата на фудбалот“ познати се двојките за првото коло од Втората македонска фудбалска лига, а со тоа е познат распоредот за целата сезона.

Како што веќе објави телевизија М Нет во првото колло Осогово дома ќе игра со Вардар Неготино, Скопје против повратникот Вардарски, Кожуф со Каменица Саса, Детонит Плачковица на домашен терен со Новаци.

Првото коло носи и дерби на екс прволигашите Брегалница и Победа, новиот второлигаш Борец против Башкими, Македонија ЃП со Охрид, а пак Арсими против Беласица.

Дербито на ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница ќе се одигра во рамки на 11. коло, а првиот дуел е во Ѓорче. Во рамки на осмото коло во Радовиш ќе се одигра дербито меѓу Детонит Плачковица и Брегалница.

Во рамки на 5. коло во Штип ќе се одигра дерби на Брегалница и Осогово од Кочани, а 14. коло го носи и дербито на Осогово и Каменица Саса.

  • КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД ЗА ВТОРА ЛИГА 2024/2025

Александар Ванев, М-Нет