
Пред неколку дена по социјалните мрежи кружат цели статуси и текстови за тоа што ќе учат учениците од второ одделение во нивните учебници. Станува збор за воведување на изучување на сексуално образование за речиси најмалите. Впрочем, со илустрации од две девојчиња, или две момчиња е и прикажано каков вид на сексуално образование ќе се изучува, што створи револт кај родителите до кој стигнаа објавите. Министерката за образование и наука, Царовска, ја демантира целата приказна околу изучувањето на сексуалното образование, со одговор дека тоа е невистина.
Дебатите за вакви лажни вести постојано ги потикнуваат исти луѓе. Тие кои пред некое време тврдеа дека во Источна Македонија ќе се доселат мигранти, потоа информацијата за 5Г врапчињата и слично се покажа дека се лажни вести. Таква е и веста со воведување на сексуално образование во второ одделение, истакна Царовска.
Периодот кој следува е оној кој што ќе покаже што и како ќе се учи во второ одделение во нашите училишта. Колку навистина е лажна веста по социјалните мрежи дека второоделенците ќе учат за истополови бракови или бакнежи меѓу девојче и девојче или момче и момче, останува времето да покаже.
Лаура Стојанова М-Нет