
Од денеска започна со работа Хуманитарното здружение Доктор Симон Василев, кое ќе доделува стипендија на студенти по општа медицина кои ќе покажат добар успех, а се од социјално загрозени семејства или деца без родител. Ова здружение е формирано во чест на доктор Симон Василев кој прерано не напушти. Ииницијативата ја поттикна неговата сопруга доктор Мирела Василева, заеднички со блиски пријатели и роднини на доктор Василев.
„Стануваме се повеќе свесни каков голем човек изгубивме и не сакаме неговите дела да бидат заборавени, напротив ќе ги продолжиме во духот на хуманоста и во негово име. “ – истакна неговата сопруга.
Здружението ќе организира и други хуманитарни акции со цел да подаде рака на оние кои најмногу им е потребно.
Сите кои сакаат да придонесат за активноста на Здружението може да донираат финансиски средства на отворената сметка.
Доктор Симон Василев беше одличен доктор хируг кој работеше во Клиничка болница Штип, човек кој целиот свој живот го помина помагајќи на сите во најразлични ситуации. Почина на 18 декември минатата година на 35 годишна возраст, оставајќи зад себе дела кои ќе се паметат и стапки кои треба да се следат.
Лаура Стојанова М-Нет