Приведен штипјанец, била пронајдена и одземена грутчеста материја

На 25.02.2022 во 04.00 часот на ул.„Партизанска“ во Штип, од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип бил приведен Г.Г.(34) од Штип бидејќи кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По комплетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.