
Важен одбранбен фудбалер кој минатата сезона беше дел од ростерот на ФК Пелистер го продолжи договорот со својот матичен клуб. Централниот дефанзивец Христијан Грозданоски ја обнови соработката на уште една сезона и ќе настапува во дресот на Пелистер во шампионатот и Купот на Македонија во сезоната 2025/26.
Грозданоски минтата сезона одигра 27 натпревари. Тој, како и соиграчите, в понеделник на прозивката ќе му се стават на располагање на новиот тренер Димитар Капинковски.