
Осумте штипски „фичиња“ кои утринава заминаа на својата авантура за Виена, Австрија, ја направија својата поголема пауза.
Во Србија беше направена паузата за ручек и одмор на „фичињата“ во близина на местото Марковац.
Авантурата сега продолжува низ Србија кон крајната цел – пристигање во Виена, Австрија.
М Нет телевизија го следи патувањето на „фичињата“ и ќе информира во текот на целото нивно патување.


