Осогово се засили со искусниот Христијан Митревски, а го претстави и голманот Филип Лазаревски

ФОТО: ГФК Осогово

Второлигашот Осогово започнува да гради квалитетен ростер за новата сезона, во која клубот ќе има повисоки цели и ќе сака подобар пласман во однос на ланската сезона, а тоа првенствено ќе биде директен опстанок.

За таа цел беа претставени првите две летни засилувања, се работи за искусниот Христијан Митревски кој доаѓа од новиот прволигаш Башкими и голманот Филип Лазаревски, кој доаѓа од Вардарски од Богданци, екипа која испадна во Трета лига – Исток.

Митревски кој има 28 години во својата кариера настапуваше и за Каменица Саса, Охрид, Слога Виница и кадино.

28-годишниот Лазаревски во минатото го чуваше голот на Слога Виница, Кадино, Воска Спорт, Работнички, Шкупи, Тетекс, Кораб, Илинден, Борец, Еуромилк ГЛ, Металург и Беласица.

Осогово исто така ја продолжи соработката со сите фудбалери кои го изнесоа најголемиот товар во претходната сезона.

Осогово минатата сезона заврши на 14-тото место и играше бараж за опстанок со Шкендија Арачинов кој го загуби со 2:1, а потоа преку ждрепката имаше среќа и остана во Втората лига.

Колку за потсетување од Втората лига испаднаа директно пет екипи, а три ќе играат бараж за опстанок, па затоа сега второлигаши ќе мора да градат сериозни тимот ако сакаат да имаат сигурен и директен опстанок.

Во следниот период Осогово ќе промовира уште неколку квалитетни засилувања, со што „жетварите“ од Кочани ќе влезат значително засилени во новата сезона од Втората лига, која ќе започне на 23 август (сабота).

Александар Ванев, М-Нет