Фудбалско дерби за врвот на Првата лига: Шкендија – Македонија ЃП

Фудбалските прволигаши утре,среда ќе ги одиграат натпреварите од вонредното 14 коло во кое неколку натпревари го привлекуваат вниманието на македонската јавност. Секако најинтересно ќе биде во Тетово каде што силите ќе ги одмерат екипите на Шкендија и Македонија ЃП. Засега Шкендија е прва на табелата со 27 бодови а Македонија ЃП е на второто место со 26 бодови. Традиционално ќе биде интересно во Кратово каде што Силекс ќе го пречека тимот на скопски Вардар како и во Струмица во дербито на дното, натпреварот помеѓу Академија Пандев и на тетовска Ренова. Еве ги комплетните парови за ова 14 коло:

  1. Шкендија – Македонија ЃП
  2. Работнички – Пелистер
  3. Шкупи – Беласица
  4. Академија Пандев – Ренова
  5. Силекс – Вардар
  6. Борец – Струга Трим Лум

Сите натпревари ќе се одиграат во среда 2 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk