МВР билтен: 45 прекршоци за неносење маска, 156 решенија за изолација, пронајдено прашкаста материја во штипскиот затвор

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот (01/02.12) на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 45 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 156 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1440 лица со вакви решенија.

На 01.12.2020 во 15.18 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во полуотвореното одделение на прозорец во Затворот била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за вештачење. Се работи на расчистување на случајот.