Царовска: Хибридниот начин на одвивање на наставата во државата, дава успешни резултати

Хибридниот начин на одвивање на наставата во државата, како и онлајн учењето имаат задоволителен карактер. Минималниот број на заболени ученици и наставници, укажува на фактот дека се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот, со што образовните активности се одвиваат без потешкотии. Во посета на Средното стручно училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, беше министерката за образование и наука, Мила Царовска, која според начинот на одвивање на наставата и екот на пандемијата,  зборува за постигнување на очекуваниот резултат. Во изминатиот период, се инвестираше во образовниот сектор, а се покажани и успешни резултати, конкретно за ова училиште. На ниво на државата со вчерашен датум, имало 0,05% позитивни ученици на Ковид – 19, со физичко присуство, и помалку од 1% од наставниците со физичко присуство. Тоа покажува дека пандемија се држи под контрола. Како што истакна Царовска, речиси поминува првото тромесечје, учениците добија први оценки, а распустот започнува на крајот од оваа година како и вообичаено. Се очекува учениците да се вратат на настава во второто полугодие на 21 јануари наредната година. На почетокот на оваа учебна година, во октомври, во онлајн настава биле вклучени 70% од учениците, за денеска таа бројка да биде повеќе од 90%, истакна министерката за образование и наука.

Лаура Стојанова М-Нет