Фудбалските третолигаши – Исток ќе ги одиграат натпреварите од 14 коло

Интересно, возбудливо и до крај неизвесно ќе биде на дерби средбата која што ќе се одржи во Свети Николе помеѓу Овче Поле и лидерот на табелата Брегалница од Делчево. И двете екипи се со големи амбиции за освојување на тронот и враќање во Втората Македонска фудбалска лига каде што долги години и настапуваа. Третиот претендент за највисок пласман Детонит во Радовиш ќе има лесна задача против екипата на Карбинци. Еве ги комплетните двојки за ова 14 коло:

  1. Василево – Чешиново
  2. Работник – Раклиш
  3. Тиверија – Спартмани
  4. Хоризонт – Малеш
  5. Детонит – Карбинци
  6. Овче Поле – Брегалница

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 4 април 2021 г. со почеток во 15.00 часот без присуство на публика.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk