Фудбалските второлигаши од истокот одиграа три пријателски контролни средби

Вториот дел од подготовките за пролетниот првенствен дел, второлигашите од истокот го користат за одигрување на пријателски контролни средби. Ваквите натпревари се корисни за сите тренери да им се даде шанса на сите играчи, да се воиграат и да се направи увид во нивната моментална форма. Есенскиот шампион на истокот штипска Брегалница досега тренираше и се подготвуваше во Штип а веќе на 2 февруари ќе се пресели во Дојран. Тие го одиграа и вториот контролен натпревар во овој период и во Кочани Брегалница до победи домакинот Осогово со резултат 2:1 а стрелец на двата гола беше Кудијан, додека за Осогово стрелаше Недановски. Во Виница домашната Слога минимално славеше против екипата на Каменица Саса со резултат 1:0 а стрелец на единствениот гол беше Антонио Бујчевски.

Во Гевгелија се сретнаа екипите на Кожув и на Кит Го Пехчево, натпревар кој заврши со резултат 1 :1 а стрелец на голот за Кит Го беше Бошко Ступиќ. Во следниот период се очекуваат уште поголем број на контролни средби а од раководството на Брегалница сигнализираат дека веќе во среда 2 февруари во Дојран ќе се сретнат со српската екипа на Сремска Митровица.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk