Фрлена овца во село Дулица направи хаос на семејство Гоцевски – им се заканува уништување на стадото, иако овцата не е нивна

Фрлена овца во каменичко село Дулица направи голем проблем за семејството Гоцевски, кое живее од одгледување овци. Стопанот Бранко Гоцевски раскажува дека додека минувал по патот, го сретнал човек кој го прашал дали овцата е негова. Гоцевски му одговорил дека не е, по што човекот му рекол дека ќе го пријави случајот во полиција. Подоцна, на местото дошле ветеринари, кои утврдиле дека овцата е на друг сопственик. Но, и покрај тоа, на крајот случајот се свртел против Гоцевски. Тој вели дека инспекторот подоцна му кажал дека овцата сепак е нивна, а сега стравува дека поради тоа може да му бидат угинати и неговите овци, од кои живее со сопругата.

,,Заради тоа што е фрлена туѓа овца, а не е моја, заради таа овца сакаат на мене да ми ги отепаат овците. Си минам јас по патот, ме сретнува еден човек и ме сопре и ми рече таа овца дали е моја или не. Јас му реков не е моја, а тој одговори дека ќе пријави во полиција. Јас си дојдов дома и ме заинтересира. Го зедов моторот, отидов кај овцата каде шт ое точно фрлена. Испратат ветеринари тука, да напарават попис, јас им ја дадов и бројката од овцата и ја најдоа овцата дека е на Ивановски Санде.По тоа што се случи ? Инспекторот до неќна кажува дека овцата е наша. Јас му ја дадов бројката и на него, а претходно биле овде кај нас, а жена ми и снаата кажале дека овцата не е наша и неќна тој по втор пат доага и кажува дека била наша. И сега заради таа овца на мене сакаат да ми ги отепаат овците. Еве ги овците нека дојде и министерот од Скопје да ги погледне. Јас сум 70 години,јас и сопругата немам никаде вработен однос. Не зимаме никаков придонес од никаде, од овиеовци живееме.”, вели Гоцевски

Семејството Гоцевски оставени во незивесност, велат дека нема од што друго да живеат. Немаат стаж, пензија, ниту плата, единствено што заработуваат е од ова. Поддршка дадоа и нивни соселани.

,,Убиваат ја фамилиата, оти нема никој вработено од оваа фамилија. “, вели Огановски

Во врска со случајот, нашата телевизија електронски се обрати до АХВ. До емоитувањето на прилгоот не добивме одговро. Повеќе информации се очекуваат по нивниот одговор.

Иван Митев, М-Нет