
По 250 денари ќе се продава штипската пастрамајлија на овогодишното издание на манифестацијата „Пастрамајлијада“. И покрај зголемените трошоци за суровини, набавни материјали и работна рака, угостителите одлучиле цената да остане прифатлива за посетителите. На манифестацијата досега се пријавени повеќе од 30 угостители. Во моментов се врши распределба на локациите, а се утврдуваат и останатите детали со учесниците.
,,Цената на пастрамајлијата оваа гдоинава ќе биде со цена од 250 денари, без разлика што трошоците многу имаат нараснато сега во тој дел. И под цена на набавни материјали за пастрамајлијата и суровини, како и работната рака, но сепак угостителите се согласија да ја задржиме, т.е ова мало зголемување од претходната година, ама пак да задоволиме за да може секој да го вкуси специјалитетот штипска пастрамајлија. Имаме повеќе од 30 угостители што се пријавени, е се га сме во момент на распределба на локациии останати детали кои што ги утврдуваме со нив.”, рече Арсовски
Покрај цената, организаторите веќе го утврдуваат и начинот на кој ќе биде распоредена годинашната понуда.
,,На улицата Ванчо Прќе се предвидени 10 штандови, додека на стадионот и овие унифицирани куќарки ќе имаме 10 поставени, а од ист ваков тип ќе има поставено и во специјален фуд корн на настанот на градскиот стадион, уште 10 кукарки кои же служат јадење, а остантите пијачка.”, подвлече Арсовски
Манифестацијата ќе се одржи следниот викенд, а организаторите очекуваат голема посетеност. Велат дека и годинава интересот за штипската пастрамајлија и традиционалната манифестација е голем.
Иван Митев, М-Нет