ФОТО: Три кучиња предизвикуваат страв кај граѓаните на Стар Караорман

Граѓани на населбата Стар Караорман ни испратија фотографии од три кучиња кои се шетаат слободно низ населбата и предизвикуваат страв кај граѓаните. Тие ги повикуваат сопствениците да не ги пуштаат кучињата слободно да се шетаат, бидејќи се агресивни. Исто така, апелираат до надлежните институции да ги преземат потребите мерки за нивна заштита.