
Попладнево фудбалска А репрезентација на Македонија со чартер авион “летна” за Прага, каде во сабота со почеток од 15 часот ќе се соочи со Украина во меч кој е многу важен за нас.
Нашите репрезентативци денови во своите изјави потенцираа дека победа и трите бодови се единствена цел со цел задржување на шансите за пласман на ЕП.
Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а еве како се расположени нашите момци пред летот за Прага.
Телевизија М Нет со своја екипа ќе известува од Прага.



