ФОТО: Македонија “летна” за Прага – целта е победа над Украина!

Попладнево фудбалска А репрезентација на Македонија со чартер авион “летна” за Прага, каде во сабота со почеток од 15 часот ќе се соочи со Украина во меч кој е многу важен за нас.

Нашите репрезентативци денови во своите изјави потенцираа дека победа и трите бодови се единствена цел со цел задржување на шансите за пласман на ЕП.

Атмосферата во репрезентацијата е одлична, а еве како се расположени нашите момци пред летот за Прага.

Телевизија М Нет со своја екипа ќе известува од Прага.