Бектеши: Поголем дел од производите остануваат на 5% ДДВ, поскапуваат витамините за трудници

Од утре поскпаува цената на сумплементите меѓу кои и витамините за трудници како и додатоците за раст и развој на децата. Треба да биде готова и целата листа на производи кои од утре ќе се продаваат по повисоки цени. Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека ова е по предлог на Министерството за финансии на кој се работело подолго време. Ама дециден е дека напорите се поголем дел од производите да се продаваат со ДДВ од 5%.

„Тоа е предлог на Министерството за финасии и со месеци се работи на ова. Производите кои се наведени во одлуката за замрзнување на цената, ако во случај има техничка грешка ќе се корегира. И повеќе од тоа е направено и повеќе од производите остануваат на 5%. За другите произвиоди обратете се до финасии“ – вели Бектеши.

Во оваа прилика Бектеши посочи дека проиозводите кои се на листата производи со замрзнати цени или пак со ознаката „Гарантирана цена“ остануваат на 5%.

„За нас е важно основните прехрамбени производи тие кој се на листата на замрзнување и со ознаката Гарантирана цена да останат на 5% и тоаќе остане“ – додава Бектеши.

Пред два дена Владата донесе Одлука за прецизирање на прехранбените производи кои имаат најниска стапка на ДДВ. Согласно Одлуката, со повластената стапка од пет отсто се даночат најголем дел од основните прехранбени производи меѓу кои: урдата, замрзнатото тесто, бебешките каши и адаптираното млеко за доенчиња, одредени видови кашкавали, лутеница, чаеви, бибер, црвен пипер, вафли и наполитанки, конзервирано цвекло, феферони.

Лаура Стојанова М-Нет