
Традиционално календарската фудбалска година раководството на школата Форца од Штип ја завршува со заеднички коктел, зачинет со забавни детски игри со најразлични реквизити и на кој присусуствуваат тренерите и секако гости – познати фудбалски имиња. Координаторот на Форца школото Мирко Јакимовски секоја година се труди крајот на годината да го исполни со радост, среќа, детска насмевка на младите фудбалери кои за миг ќе се отргнат од зелените терени и ќе се вратат на детските игри, и најважно од се со Благодарница го цени напорот на нашата спортска редакција која постојано во текот на годината информира за нивните настапи и успешни резултати.

Годинава драги гости им беа фудбалерот на МТК од Будимпешта, Унгарија Бојан Миовски кој е еден од најдобрите стрелци во оваа сезона и Иван Николов моментално играч на скопски Вардар. Како надоплнување тие веќе се репрезентативци на македонските селекции, Бојан Миовски во сениорската репрезентација а Иван Николов член на младата У – 21 селекција на Македонија.

Младите фудбалери преку прашања кон нив се трудеа да дознаат нешто повеќе за нивната кариера, за нивните игри, за тоа како се примени во новите средини а тука беа и неизбежните автограми и фотографии како знак на благодарност и секако за успомен на ваквиот пријатен настан.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk