Намален бројот на хоспитализирани ковид – пациенти во Штип и Кочани, почина едно лице

Намален бројот на хоспитализирани ковид – пациенти во штипската и кочанската болница. Според извештајот од штипската болница, во последните 24 часа новопримени се двајца пациенти, а испишани тројца. Според ова, на болничко лекување се 25 ковид – пациенти на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип. Од нив, 18 лица се на кислородна поддршка, а вакцинирани се четири пациенти. Едно лице на 79 годишна возраст од Радовиш ја загубило битката со коронавирусот во штипската болница. Слободни се 35 ковид – кревети на Инфективното одделение и две на дневна амбуланта, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската болница хоспитализиран е само еден ковид – пациент, невакциниран. Нема новопримени, ниту испишани пациенти. Нема лица на кислородна поддршка, ниту починати пациенти. Слободни се 26 ковид – кревети на Интерното одделение, информираат од болницата.

Во општините од Истокот активни се 280 ковид – случаи, најмногу во Штип – 105, во Делчево – 54 и во Кочани – 50. Најмалку има во Пехчево, односно само еден ковид – случај.

Според инфомрации од Министерството за здравство, заклучно со вчера, во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.

Лаура Стојанова МНет