
Младиот фудбалер на ФК Тиквеш Кавадарци, Ѓоко Спасов, во пролетниот дел од сезоната ќе настапува во Турција, откако клубот официјално потврди дека тој ќе биде позајмен во второлигашот ФК Серикспор.
Овој трансфер претставува значаен чекор во кариерата на перспективниот младинец на кавадаречкиот клуб, кој ќе добие можност да се докажува во конкурентна средина и да стекне драгоцено меѓународно искуство во турската Втора лига.
Од редовите на Тиквеш му посакаа среќна и успешна полусезона, со надеж дека престојот во Турција ќе придонесе за негов понатамошен фудбалски развој и напредок. Воедно, ваквите трансфери се уште една потврда за добрата работа на младинската школа на клубот и за афирмацијата на младите таленти од македонскиот фудбал.
Се очекува Ѓоко Спасов по завршувањето на позајмицата да се врати во Кавадарци со поголемо искуство и подготвеност да се наметне и во сениорската конкуренција на ФК Тиквеш.