
По Дарко Алексовски Пеле, вечерва Еди Мандак исто така објави дека заминува од Брегалница. Во неговото соопштение, тој се заблагодари на клубот, стручниот штаб, соиграчите и навивачите за поддршката и искуствата што ги стекнал.
„Си заминувам од Брегалница по еден важен период. Благодарен сум за искуствата и лекциите кои ги стекнав тука, кои ќе ми значат понатаму“, изјави фудбалерот. Тој исто така им посака многу успех на клубот во иднина и верува дека Брегалница ќе продолжи да расте и напредува.