На Градскиот стадион во Штип, Фудбалскиот клуб Брегалница денеска ги започна подготовките за новата сезона. 21 фудбалер се јавија на прозивката на шефот на стручниот штаб Илчо Георгиевски, а засега клубот е со две нови засилувања Ѓорги Ѓоргиевски од Борец, и Борха Кордоба кој доага од редовите на Ренова. Георгиевски изјави дека во моментот се преговара и за нови засилувања

„Планот е да се доекипираме, Алтипармаковски денеска не беше присутен од оправдани причини. Во моментот се раговара со неколку фудбалери за засилувања. Околу подготовките планираме една недела овде во Штип, а потоа ќе заминеме во Пехчево или Охрид. Ги имаме сите услови за добри подготовки. Очекуваме нови шест фудбалери за наредната сезона“изјави Георгиевски

Ќе се одиграат и четири пријателски натпревари пред стартот на новата Фудбалска сезона и тоа на 3,9,13 и 26 јули а веќе се договорени и екипите.
„До сега се договрени екипите на Победа Прилеп, Работнички и Трајал а чекаме уште еден противник за 26 или 27 јули“ изјави Георгиевски
На прашањето зошто некои медиуми вчера објавија дека Георгиевски ќе ја напушти Брегалница еве што тој изјави за МНет телевизија.
„Видовте и сами како заврши целата приказна, јас сум тука, работиме и гледаме да создадеме добар тим“ изјави Георгиевски
Георгиевски очекува добри засилувања , добри подготовки и да се оди чекор по чекор соогласно квалитетот и амбициите на клубот во пресрет на новата фудбалска сезона.