Филип Стевановски е новиот директор на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ Штип

Филип Стевановски е новиот директор на НУЦК „Ацо Шопов“ во Штип. Тој доаѓа на местото на досегашната директорка Кристина Атанасова – Арсова. Таа на оваа функција беше од 25 јули 2024 година, а тогаш го замени директорот Горан Трајков.

Филип Стевановски е  продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки. Вработен е како професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип, а со решението од денеска и директор на Центарот за култура Ацо Шопов Штип.

Стевановски своето основно образование го завршува во Куманово. Своето школување го продолжува во „Илија Николовски – Луј“ Скопје, а подоцна своето образование го усовршува во Америка.. Завршува два факултети вокално инструментален оддел класична музика и џез оддел.

Филип Стевановски е директор на детскиот фестивал Весело Штурче во Штип, а го предводеше и мини оркестарот кој оваа година за првпат ги придружуваше сите учесници на Макфест.

Лаура Стојанова М-Нет