Јаневска: Им го честитам Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите

Им го честитам Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите, посочи денес министерката за образование и наука Весна Јаневска. Речиси 40 милијарди денари, оваа година ќе вложуваме во сите сегменти, истакна таа, додавајќи дека нивните заложби како министерство се темелат на уверувањето дека Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, со квалитетни знаења, широки погледи и демократски капацитет.

„Честит 24 Јануари – Меѓународен ден на образованието!

Им го честитам Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите на кои образованието им е важен дел од животот и ги повикувам да учествуваат во процесите на градење здрав воспитно-образовен систем, кој ги пресретнува барањата на времето во кое живееме. Нашите деца имаат право на квалитетно образование и тие заслужуваат да направиме многу повеќе, за да им овозможиме да се развиваат како нивните европски врсници.

Образованието има приоритет за оваа Влада. Со најголем буџет досега, со речиси 40 милијарди денари, оваа година ќе вложуваме во сите сегменти.

Нашите заложби се темелат на уверувањето дека Македонија нема друга алтернатива освен да ја водат учени луѓе, со квалитетни знаења, широки погледи и демократски капацитет, подготвени за борба на мислења, изградени низ системот на образование како личности со вредности.“, вели Јаневска

Oна што таа дополнителни истакнува на својот фејсбук профил е тоа дека министерството и Владата можат да направат многу, но за да го направат исчекорот што е потребен кон создавање квалитетно образование, треба сите заедно, секојдневно да придонесуваат за безбедни училишта, поддршка за учениците, градење култура на дијалог, развивање емпатија, истакнување на моралните вредности. Вели Да им овозможи на децата да растат и да се образуваат во средини каде можат слободно да ги споделат своите видувања.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет