Уште 30 дена до завршување на активностите на дел од ул.„Панче Караѓозов“ Штип

По две речиси две недели од затворенаиот дел од ул.„Панче Карагозов“ во Штип, денешните најави се дека уште триесетина дена е предвидено  за завршување на активностите кои се преземени од страна на ЈП „Исар“, за реконструкција на дел од ул.„Панче Карагозов“, односно приклучување на водоводната линија, со што жителите од овој дел на град Штип ќе добијат подобро водоснабдување.

„ЈП „Исар“ започна со активности за реконструкција на канализационата линија на дел од ул.„Панче Караѓозов“ . Денес се работи на приклучна врска на водоводната линија меѓу реконструираниот дел на ул. „Сутјеска“ и ул.„Панче Караѓозов“ со околните улици.“ – истакнаа од ЈП„Исар“.

Во моментот се работи на приклучокот на водоводната линија, а во втората фаза ќе се работи исклучиво на приклучок на изведба на главната канализациона линија и приклучок на објектите. ЈП „Исар“ воедно денеска работи на средување на дрворедите во Штип, сечење на дрвјата и уредување на просторот и зеленилото во градот под Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет