
Утринава дел од македонски граѓани заминаа на вакцинација во Република Србија. Откако претходно имаа можност преку е управа да се пријават за вакцинирање, сите заинтересирани добија повратен одговор за имунизација за овој викенд. Вакцинацијата се прави на Белградскиот сам, а ред се чека пред 30 пункта. Нашите граѓани ќе се вакцинираат со вакцината на „Астра Зенека“, додека српските граѓани имаат можност да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат.Од АМСМ информираат дека на граница кон Србија се чекало околу 40 минути. Со оглед на фактот дека во нашата држава вакцини сеуште нема, штипјани велат дека доколку имаат можност и тие би заминале на вакцинација во соседството.
Засега во нашата држава се вакцинира само здравствениот кадар со 11 илјади дози вакцини, од кои 8000 донација од Република Србија. Најавите се дека утре околу 8 часот ќе пристигнат 24 илјади дози вакцини на „Астра Зенека“. Со ова можност да се вакцинираат ќе имаат 24 илјади граѓани а над 160 илјади се во приоритетните групи за вакцинација.
Лаура Стојанова М-Нет