
Од утре започнува зимскиот распуст за учениците. Истиот ќе трае три недели, согласно календарот на МОН за организација на наставата,второто полугодие од учебната 2021/2022 ќе започне на 20 Јануари 2022.
Иако новиот сој на ковид – 19, омикрон, е веќе потврден во земјава, според надлежните епидемиолошката состојба е стабилна и засега не е планирано продолжување на зимскиот распуст.
Министерката Мила Царовска во повеќе наврати, информираше дека состојбата во училиштата е стабилна дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.
По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември со физичко присуство за сите ученици организирана согласно анти-ковид протоколите и препораките за спречување на вирусот.
Лаура Стојанова МНет