Што сакаат првачињата од ООУ „Ванчо Прке“ Штип да го прашаат Дедо Мраз?

На ден пред Нова година Дедо Мраз ги посети и првачиња од основното училиште Ванчо Прке во Штип. На мирните и паметни дечиња тој им подели пакетчиња, а тие го пречекаа со низа прашања, но и желби што сакаат дедо Мраз да им донесе за Нова година.

„Јас ќе го прашам Дедо Мраз да ми донесе маска за телефон, и сакам да знам каде е роден.“„Ќе го прашам зошто за Нова година оди по куќи и сакам да ми донесе едно пакетче.“се само дел од прашањата и желбите не учениците.

На денешниот час првачињата се запознаа и со Василије кој е главниот јунак во книгата Дедо мраз и Василије. Научија каде е роден Дедо Мраз, како го добил името и кои се неговите браќа и сестри. Неизвесноста останува за наредното полугодие да се дознаат сите тајни на славниот Дедо Мраз. Крајот на часот првчињата го заокружија со подароци кои ги добија од нивната наставничка, затоа што биле мирни, послушни и паметни во текот на првото полугодие.

Лаура Стојанова МНет