Учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ Штип учеа од готвачи од југословенските републики

Готварството во последно време станува уменост, а учениците од средното училиште „Коле Нехтенин“ од Штип денеска имаа можност да се запознаат со врвни готвачи од поранешните југословенски земји. Според директорката Јованка Шалева ова е од големо значење и преку вакви активности учениците може да научат многу.

„Денеска имаме особена прилика и чест наши гости да бидат претставници од националаната агенција на професионални готвачи Гастромак. Тие дел од своето професинално и животно искуство денеска ќе го споделат со нашите ученици бидејќи готварството во последно време станува се повеќе и наликува на уметност, а нашите ученици овде стекнуваат знаење и вештини и од нив понатаму прават квалитетен кадар на пазарот на трудот“ – кажа Шалева.

Децата од средното училиште „Коле Нехтенин“ Штип имаа можност да стекнат ново искуство и вештини, да научат многу нови работи за готвењето и туризмот од истакнати готвачи од поранешните југословенски републики. Гостите беа презадоволни што беа денеска во Штип и што своетот значење и животно искуство им го пренесоа на младите идни готвачи и конкуренти на пазарот на трудот.

„Радосен сум што сум овде на повик на нашите колеги од Македонија. Би сакал овие денови да ги искористиме да им покажеме на младите ученици како ние напредувавме во нашата кариера, што значи нашата струка и нашето искуство да го пренесеме и да им помогнеме нешто да научат од нас. Сакам да прашуваат, а јас со задоволство ќе одговарам на прашањата“ – кажа Стево.

„Голема е честа што колегите од Македонија ме повикаа и морам да кажам дека сме во една мисија ние повозрасните шефови и кувари да им покажеме на младите ученици што значи гастрономијата, туризмот, што треба да направиме за да бидеме врвно конкурентни на пазарот, бидејќи Македонија е една голема турситичка дестинација која има голема иднина и затоа е важно она што го знаеме да го пренесеме на младите луѓе. Им се заблагодарувам на колегите од Македонија и ќе се трудиме да поминеме повеќе квалитетно време со младите и да им го поделиме нашето искуство“

„Многу сум среќе што сум овде, се чувствувам како да сум дома. Овде сме да го пренесеме нашето искуство на младите и да им покажеме на кој начин да не следат. Кога влеговме внатре наидовме на голема почит и се надевам дека оваа наша посета ќе вроди со плод, во развојот на угостителството и туризмот во овој регион и цела држава.“

„Многу ме радува што не поканија тука. Денеска секаде има проблеми со младите, во нашата работа ги има се помалку и на нас ни е во интерес да ги ангажирме, да разберат дека има егзистенција од оваа работа, и очекуваме дека ќе се движат по нашите стапки, да научат нешто што знаеме ние и да им го пренесеме на нив“

„Јас дојдов работно и едукативно овде. Работно прво да видам колку млади има овде да ги однесеме во Црна Гора наредната сезона, нам секогаш ни недостасува работна сила, а едукативно да им помогнеме колку можеме да им дадеме од себе и да го поделиме нашето животно искуство со овие млади луѓе“

„Моја обврска е секогаш да бидам овде кога треба на децата да им се пренесе нашето искуство.

Целата на денешниот настан е да се подигне свеста на гастрономијата, угостителството и туризмот и младите вешто да чекорат по патот на готвењето.

„Цената на Гастро мак е да се подигне свеста на гастрономската свест, угостителството и туризмот во Македонија. Воедно да се отворат портите кон светот на младите следни готвачи и на веќе докажаните да се проверат со нивното знаење до каде се. Како една препорака до младите следната генерација на готвачи дека треба прво да го совладаат четивото што се вели македонска традиционална кујна. Затоа што за да може да се оди напред, да се усоврши интернационаланта кујна, европската, светската мора да се постават корените од земјата од каде што потекнувате“ – Адријана Алачки.

Учениците од средното училиште „Коле Нехтенин“ беа задоволни од денешната посета на врвни готвачи и можноста да научат многу и да стекна искуства за нивната следна професија.

Лаура Стојанова М-Нет