Одделението на Архивот во Штип објавува повик за подарување архивски материјал

Одделението на Државниот архив во Штип со јавен повик за подарување архивски материјал. Активноста се спроведува со цел дополнување на архивските фондови кои се наоѓаат во приватна сопственост во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство. На подарениот архивски материјал во Архивот му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка, како и негово користење за научни цели. Архивскиот материјал може да се достави во објектот на подрачното одделение.

„Ве известуваме дека Одделението на Државниот архив во Штип објавува јавен повик за подарување архивски материјал до приватните иматели од општините Штип, Кочани, Виница и останатите општини коишто се наоѓаат во Истокот. Ги покануваме сите граѓани коишто имаат архивски материјал, значаен за културниот, општествениот, спортскиот, историскиот и политичкиот живот да го подарат на Државниот архив како институција која се грижи за колективната меморија. На тој начин на документите ќе им се обезбеди трајна заштита и соодветно чување, а ќе бидат достапни на научниците и на истражувачите. Од подарениот архивски материјал ќе се формираат лични и семејни фондови кои ќе се користат за публикување книги и правење изложба со цел популаризација на локалната и национална историја“, истакна Марио Паризов, директор на Одделението на Државниот архив во Штип

Архивскиот материјал се категоризира според неколку критериуми, како што се единственост, реткост и неповторливост, сочуваност, изворност и авторство. Имателите и создавачите, пак, се категоризираат според времето, местото, улогата и функционирањето во различните области на животот. Повеќе информации во однос на јавниот повик може да се добијат во сите подрачни одделенија на Државниот архив во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица. Штип. Велес и Куманово.

Ребека Спасова М-Нет