Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.

Текстот Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени е превземен од МАКФАКС.