
Утре, четврток 24.04.2025 година, на военото стрелиште „Пенуш“, ќе се изведе боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Активноста ќе се спроведе согласно со годишната програма на МВР, а од страна на
од страна на специјалната единица ,,Тигар”.
„На ден 24.04.2025 година, во периодот од 09:00 до 22:00 часот на военото стрелиште „Пенуш“ ќе биде изведено боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Се известуваат граѓаните на општина Штип и околните населени места кои гравитираат околу военото стрелиште во тој период да не се движат во и околу стрелиштето од безбедносни причини.“ – стои во Известувањето испратено од СВР Штип.
Како што стои во известувањето, јавноста се известува благовремено за да не дојде до вознемирување на месното население.