Зголемена просечната нето-плата, во февруари годинава изнесува 43 053 денари

За 9,6 проценти е зголемена просечната нето плата во период од една година. Според државниот завод за статистка, просечната месечна нето-плата во февруари годинава изнесува 43 053 денари. Појаснуваат дека зголемувањето е пред се во секторите Дејности во врска со недвижен имот, преработувачка индустрија, како и образование. Согласно нивните податоци, поголемо покачување на нето платата има секторот дејности во врска со недвижен имот и тоа за 16,6 проценти. За 11.5 проценти преработувачката индустрија, а нешто помалку и тоа за 11.4 проценти секторот образование.

И додека од една страна овие пресметки се во период од февруари изминатата година во споредба со февруари од оваа година, од друга страна од 2 до 4 проценти просечната нето плата е зголемена и на месечно ниво, така што во споредба со претходниот месец најмногу зголемена е нето платата на секторите информации и комуникации и дејности во врска со недвижен имот за речиси 4 проценти. За 2.5 проценти пак е зголемена просечната нето плата на преработувачката индустрија.

Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64 634 денари.

Иван Митев, М-Нет