Утре започнува кошаркарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција – ќе се игра во Гевгелија

ФОТО: КФСМ

Од утре до сабота ќе се одигра завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција, а истиот ќе се игра во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, а техничката организација за завршниот турнир од ова натпреварување ја доби кошаркаркиот клуб Кожув од Гевгелија.

На завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат во машка конкуренција ќе учестуваат ТФТ, Гостивар, Пелистер, Чаир, МЗТ Скопје, Работнички, Куманово и Кожув кој е домаќин.

Двојките за четвртфиналето се ТФТ против Гостивар, Пелистер ќе се соочи со Чаир, големо дерби на двата лути ривали МЗТ Скопје против Работнички, Куманово со Кожув. Натпреварите во машка конкуренција од четвртфиналето се играа утре. Полуфиналните натпревари кај мажите ќе се играат во петок, а финалето е за во сабота.

Што се однесува до „Фајнал-форот“ кај жените тука ќе учествуваат Крива Паланка, Вардар, Баскет Кам и Бадел.

Во полуфиналето кај дамите Крива Паланка ќе се соочи со Вардар, додека пак Баскет Кам оди на мегдан со Бадел. Натпреварите во женска конкуренција ќе се одиграат во петок, а финалето се игра во сабота.

Александар Ванев, М-Нет